Во Берово се одбележува Меѓународниот ден на старите лица

По повод Меѓународниот ден на старите лица, денес се организираше пригодна програма за пензионерите, кои престојуваат во Домот за стари лица д-р „Иван Влашки” во Берово.
Како што информираа од Општинската јавна установа за социјална заштита на стари лица, програмата се реализираше во соработка со децата од детската градинка и од основното училиште во Берово, под менторство на своите наставници.
 
Корисниците ги посети и градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека стареењето на популацијата е успех на целокупниот развој на цивилизацијата.
 
-Меѓународниот ден на старите лица е можност да се нагласи важниот придонес на старите лица кон општеството и да се подигне свеста за проблемите и предизвиците на стареењето во денешниот свет. Едно од најголемите достигнувања на човештвото е долговечноста. Не само овој ден туку и секој ден да им дадеме на постарите лица доволно љубов и грижа да почувствуваат дека некој навистина се грижи за нив, со сите расположливи ресурси, зошто вистинското внимание за старите лица, значи многу, рече Пекевски.
Како дел од одбележувањето на настанот, како што додаде, беа разгледани можностите за подобрување на условите за живот како од социјален и здравствен така и од културно забавен аспект
 
На средбата со вработените во установата и станарите, учениците се запознаа подобро, разменија цртежи и заеднички се дружеа. Според најавите активностите за одбележување на Меѓународниот ден на старите лица, ќе продолжат со посета на најстарите лица кои живеат на територијата на Општина Берово.

Берово го одбележува меѓународниот ден на старите лицаОпштина Берово со низа активности го одбележува меѓународниот ден…

Posted by Звонко Пекевски on Tuesday, October 1, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*