Се осовременува возниот парк во делчевското комунално претпријатие

Продолжува осовременувањето на возниот машински парк и зајакнување на капацитетите на делчевското јавно комунално претпријатие ,,Брегалница”. Во склоп на проектот ,,Водоснабдување на Делчево”, денес претпријатието доби нова машина, ровокопач-утоварач во вредност од 62.550 евра. Оваа инвестиција, како што истакна градоначалникот на општина Делчево, е една од ретките во последните три децении.
 
-Оваа нова машина, ќе ја зголеми ефикасноста на работењето на комуналното претпријатие, во делот на градежните работи за поврзување на секундарната водоводната мрежа во селата, кои ќе бидат приклучени на главната линија од новата филтер станица која ќе биде изградена. Јас во оваа прилика се заблагодарувам до консултантите од Швајцарија и управувачкиот борд од проектот, кои што ја увидоа потребата на Јавното претпријатие и ја поддржаа нашата и иницијативата на директорот на Јавното претпријатие, за набавка на оваа машина, рече Трајковски.
Проектот ,,Водоснабдување на Делчево” според директорот на претпријатието, Стојче Стојковски, засега се одвива според посакуваната динамика.
 
-Во делот на зајакнување на капацитетите кало дел од овој проект, одржавме две работилници, едната во март и една на почетокот на октомври, оваа година во Белград. Од друга страна, активностите за хидро-геолошките испитувања веќе се во тек и истите се вршат во Делчево кај пумпната станица, а потоа продолжуваат во село Тработивиште. Пред тоа извршено е и снимање на брана Лошана, за утврдување на понатамошните активности, така што очекувано се движат работите и очекуваме успешна имплементација на сите активности од проектот, вели Стојковски.
Освен ровокопач-утоварач, како дел од имплементацијата на проектот ,,Водоснабдување на Делчево”, обезбедено е и ново патничко возило, кое по завршувањето на проектот, ќе остане во владение на делчевското комунално претпријатие.

Се осовременува возниот парк во делчевското комунално претпријатие

Се осовременува возниот парк во делчевското комунално претпријатие

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 8, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*