Расчистени остатоците на опожарената куќа во село Русиново

Заврши расчистувањето на остатоците од куќата и останатиот имот на тричленото семејство од село Русинови, кои пред една недела целосно изгореа во пожар, кој без кров над глава ги остави Кирил, Велика и Маринчо Воденски. Во акцијата за расчистување како што информираше Драги Воденски, постариот син на Кирил и Велика Драги Воденски, учествуваа вработени во Јавното претпријатие за комунална дејност ,,Услуга од Берово.
 
-Просторот околу опожарената куќа и имот се целосно расчистени од страна на вработените во ,,Услуга” за што сме им многу благодарни. Од утре, па натаму започнува поставувањето на нови темели на куќата со што се надеваме дека со помошта од општината и хуманите граѓани ќе успееме за брзо време да го изградиме првиот кат и да оспособиме една соба каде би живееле мојот брат и родителите, вели Воденски.
 
Како што додава постариот син Воденски, кој со семејството долги години живее во Германија, во тек е и акцијата за собирање парична помош, која се одвива во најдобар ред.
 
-Веќе пристигнаа и првите поголеми донации од страна на наши иселеници по потекло од Русиново. Меѓу нив и Ванчо Воденски кој е татко на најпознатиот кик боксер Кристијан Воденски кој се одзва на поканата и донираше за помош на моите родители. Освен кон ова семејство, упатуваме благодарност и до сите останати хумани граѓани, кои донираа парична и секаква друга помош која ќе допринесе, наскоро да се издигне новиот дом на моите родители и мојот брат, додава Воденски.
 
Донации за помош на семејството Воденски се вршат на жиро сметка на име Драги Воденски со бројка: 240217003650133 – Унибанка, додека парични средства се собираат и на социјалните мрежи, под мотото „Да подадеме рака на семјството Воденски“
Жиро сметка за донации од странство Dragi Vodenski IBAN: MK07240217003650133 Universal Investment Bank Skopje (UNIBANK) SWIFT CODE: UIBMMK22

Целосно расчистени остатоците од опожарената куќа и останатиот имот на тричленото семејство Воденски од село Русиново….

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 11, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*