МЗШВ Делчево: Да се плати закупот на земјоделско земјиште

Почитувани, Законот за земјоделско земјиште (Службен весник на Република Македонија бр. 135/07, 17/08, 18/11, 42/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13, 106/13, 164/13, 39/14, 130/14, 166/14, 72/15, 98/15, 154/15, 215/15, 7/16 и 39/16) и Закон за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште (Службен весник на Република Северна Македонија бр.161/19) содржат одредби со кои се дефинира обврската за навремено плаќањето на закуп за државното земјиште кое го користат земјоделците, врз основа на склучени договори за закуп на државно земјоделско земјиште.

Сакаме да ги информираме сите земјоделци кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште, дека рокот за плаќање на закуп согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште и согласно склучениот договор е до 31 Јули во тековната за претходната година, а за постарите договори е 31 Декември во тековната година.

Измените на законот направени во член 37 – а од Законот за земјоделско земјиште, предвидуваат:

За секое задоцнето плаќање по законски утврдениот рок, одредбите предвидуват да се пресметува законска казнена камата за период од денот на плаќање до законски обврзувачкиот рок за плаќање. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените се предвидува и раскинување на договорот како крајна мерка.

Од овие причини, ги информираме земјоделците кои имаат склучено договори за закуп за државно земјоделско земјиште и укажуваме дека е потребно навремено и во целост да си го подмируваат долгот кој произлегува од договорот за закуп за користење на државно земјоделско земјиште.

За подетални иформации, можете да се обратите во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*