Над 400 ученици од ООУ „Ванчо Прке“ дел од спортско-рекреативните активности кај манастирскиот комлекс „Балаклија“во Делчево

По прекрасно сончево време, вкупно 410 ученици денес учествуваа на есенската еднодневна училишна екскурзија, кој се одржа кај манастирскиот комплекс Балаклија. Како што истакна Горан Велков, директор на деветолетката „Ванчо Прке“, која го организираше настанот, кампот се е дел од годишниот план за работа на училиштето.
 
-За реализација на овие активности го искористивме прекрасниот простор кај манстирскиот комплекс „Балаклија“, кој овозможува идеални услови за спорт и рекреација. Учениците, кои се вкупно 410 на број, имаа еден забавен ден, исполнет со многу забава, спорт и дружење, рече Велков.
 
Предвидените спортски активности се спроведоа со помош на планинарот Љупчо Чучуковски, претседател на Планинарскиот спортски клуб „Голак“, кој активностите ги реализира согласно склучениот меморандум со делчевската деветолетка.
-Согласно потпишаниот меморандум за заедничка соработка, денес организиравме повеќе спортски натпревариУчениците денес имаа можност да се натпреваруваат во тегнење и влечење јаже и други спортски и забави игри. Временските услови се наклонети кон нас и се надеваме дека за дечињата ова доживување ќе биде поттик и во иднина да организираме вакви и слични настани, рече Чучуковски.
 
За деветоодделенецот Мартин Јанакиев одржувањето настава во природа е нешто кое треба да се одржува почесто.
 
-Според мене треба да има повеќе вакви часови во природа бидејки самото тоа значи здрав живот, присуство во природа, вели Анакиев.
Наградувајки ги најдобрите натпреварувачи во спортските дисциплини, од училиштето, најавија ваков камп и во текот на второто полугодие од учебната година.

Над 400 ученици дел од спортско-рекреативните игри во организација на деветолетката „Ванчо Прке“

Над 400 ученици дел од спортско-рекреативните игри во организација на деветолетката „Ванчо Прке“

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, October 15, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*