Земјоделците од Делчевско бараат редовно исплаќање на субвенциите за млеко

Во Делчево денес на заедничка средба со раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, делчевските земјоделци поразговараа околу најавеното исплаќање на субвенции за предадено млеко за 2018 година. Како што истакна сточарот Виктор Богдановски, субвенциите доцнат и затоа доколку до 30 октомври годинава, тие не бидат исплатени, сточарите од Делчевско ќе излезат на протести.
 
-Врз основа на информацијата дека субвенциите за предадено млеко за 2018 година ќе бидат исплатени најдоцна до 30 октомври оваа година, денес до Подрачната единица на Министертвото за земјоделство шумарство и водостопанство – Делчево, доставивме известување, дека ако не се исплатат досепаните субвенции за 2018 година, во предвидениот рок, во знак на протест, на 1 ноември оваа година ќе го блокираме Меѓународниот пат кон Република Бугарија, во траење од по час дневно, а во продолжение се додека МЗШВ не ги исплати, законски предвидените субвенции, конкретно за млекото, но и за житарици , истакна Богдановски.
 
Во однос на млекото, засега сточарите немаат проблеми со исплата на млекарите, кои млекото го плаќаат по 15 денари за литар.
 
-Одгледувам 50 грла добиток, исплатата на млеко е редовна, цената се движи во рамките од 15 денари. Од исплатата на млекарите сме задоволни, останува да се реши проблемот со субвенциите. Тие се клучни за успешно извршувањето на нашите обврски како сточари, бидејки ќе може да обезбедиме храна за добитокот во зимскиот период, додава Богдановски.
За исплата на субвенции за предадено млеко, веќе е направен ребаланс на буџетот и наскоро, како што додаде раководителот на Подрачната единица на МЗШВ, Илија Каранфиловски, ќе започне исплатата кон сточарите.
 
-Со ребалансот на буџетот за 2019 година обезбедени се средства за дополнителна мерка за предаден литар млеко. Со ребалансот на буџетот и излегувањето на одлука во Службен весник, Платежната агенција, ќе изврши исплата на дел од средствата за предадено млеко за 2018 година, рече Каранфиловски.
 
Во рамки на денешната средба со раководителот на ПЕ на МЗШВ, сточарите поразговараа и околу новите мерки преку ИПАРД програмата, за кои огласот беше објавен минатиот петок.

Земјоделците од Делчевско бараат исплата на субвенциите за 2018

Земјоделците од Делчевско бараат исплата на субвенциите за 2018

Posted by delcevo365.mk on Friday, October 18, 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*