Делчево ќе добие Совет за социјална заштита

Во Делчево ќе се формира Совет за социјална заштита на општина Делчево. Како што истакна Сузана Петровска, неговото формирање е една од новите надлежности на општините, кои се определени во новиот Закон за социјална заштита, а во истиот ќе членуваат претставници од најрелевантните институции во општината, кои се одговорни за спроведување на социјалната заштита,
 
-Во Советот ќе бидат вклучени, Центарот за социјална заштита, Полициската станица, Јавното обвинителство, АВРМ, општинските училишта, НВО и за прв пат се вклучуваат и верските заедници. Една од позначајните надлежности на Советот за социјална заштита, ќе биде изготвување на социјален план за подрачјето на општината, врз основа на кој план, Градоначалникот на општината, изготвува Програма за социјална заштита, која по претходно мислење на МТСП, ја донесува Советот на општината, истакна Петровска.
 
По добивањето зелено светло од страна на Советот на општина Делчево, како што додава, се планира свикување на првата конститутивна седница на ова тело.
 
-На конститутивната седница на дневен ред ќе се најде и точката за избор на претседател на Советот за социјална заштита и негов заменик. Освен овој Совет на локлано ниво, новина во Законот за социјална заштита е и формирање на Совет за социјална заштита на ниво на плански регион, во кој ќе членуваат Градоначалниците на општините и директорите на Центрите за социјална работа, додава Петровска.
 
Новина во Законот за социјална заштита е и формирање на Совет за социјална заштита на ниво на плански регион, во кој ќе членуваат Градоначалниците на општините и директорите на Центрите за социјална работа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*