Делчевски планинари го искачија врвот „Руен“

Група планинари, членови на Планинарски спортски клуб ,,Голак” од Делчево, во текот на вчерашниот ден ја реализираше маршрутата за искачување на највисокиот врв на Осоговските планини, врвот ,,Руен”. Претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, истакна дека маршот е дел од годишната програма за работа на планинарскиот клуб.
 
-По идеално сончево време и со температура од 20 степени целзиусови, заедно со неколку членови на ПСК ,,Голак” Делчево, го искачивме врвот Руен на 2252 м.н.в. на Осоговските Планини. Врв важен за нас од неколку причини, бидејки е највисок врв во источниот дел на државата, највисок врв на Осоговските планини и врв кој отсекогаш се наоѓал во Пијанечкиот (Делчевскиот) регион, кој и денес катастарски припаѓа под Делчево, вели Чучуковски.
 
Маршрутата, како што додава минувала низ живописна природа со поглед на целата Пијанечка котлина.
 
-Осоговските планини пружаат прекрасна глетка кон целата Пијанечка котлина, од врвот Здравечка чука на 1417 м.н.в. имавме прекрасен поглед на нашата планина Голак, кон врвовите Руен 2252 м.н.в. и Царев врв 2085 м.н.в., кои се највисоки на Осоговските планини, како и во цела источна Македонија. Двата врва се наоѓаат во нашиот регион Пијанец од каде што почнува и регионот и каде се гледа долниот дел на Пијанечката котлина, додава Чучуковски.
 
Екипата која учествуваше на планинарскиот марш до Руен како што додаде претседателот на клубот сериозно се подготвува за сериозни искачувања и експедиции кои според најавите ќе следуваат во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*