Промоција и часови по сатира во Македонска Каменица

Во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса”, во Македонска Каменица промовирано делото ,,Зад твојот сон” од авторот Васил Маневски. Промоцијата, како што истакна авторот се надоврзува на претходните промоции во Делчево, Пехчево, Берово и Виница.
 
-Дополнетото издание на стихозбирката ја претставивме и пред љубителите на пишаниот збор во Македонска Каменица. Задоволен сум што и младите, кои присуствуваа на настанот, имаа можност да слушнат дел од мојата поезија, на која со дополнетите неколку катрени и дадовме една сосема нова димензија. На настанот свое учество зеде и роднокрајниот автор Христина Деолска, која прочита дел од стиховите на ,,Зад твојот сон”, сето тоа надополнето со музички дел во изведба на директорот на културната установа, рече Маневски.
Пред промоцијата, како што информираше директорот на КИЦ ,,Романса”, Горан Огнановски, се реализираа едукативни часови за детски афоризми.
 
-Оваа активност ја реализиравме со познатиот афористичар Миле Ѓорѓијоски кој на учениците им долови дел од своето богато искуство на поле на сатирата, а притоа ги воведе во тајните на пишување детски афоризми, истакна Огнановски.
 
Со овие настани Културно-информативнилт центар ,,Романса” ги заокружи активностите, како дел од одбележувањето на ,,Октомври – месец на книгата”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*