Ракометарките од деветолетката ,,Св.Климент Охридски” Делчево се победници на меѓуопштинскиот натпревар во ракомет, откако во рамки на одиграните натпревари со врсничките од деветолетките ,,Дедо Иљо Малешевски” од Берово и ,,Ванчо Прке” од Делчево забележаа две победи.
Резултати:
ООУ ,,Св.Климент Охридски” Делчево – ООУ ,,Дедо Илјо Малешевски” Берово 23:9,
ООУ ,,Св.Климент Охридски” Делчево -ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево 28:25
Со овие победи ракометарките на ООУ ,,Св.Климент Охридски” обезбедија пласман на зонските натпревари кои ќе се одиграат во наредниот период.
Честитки до младите делчевки и нивните тренери, на кои им посакуваме да го повторат минатогодишниот успех.
Leave a Reply