Кадетките на РК ,,Брегалница плус” и РК ,,Делчево” со пораз ги започнаа натпреварите во новата сезона

Кадетките на РК ,,Брегалница плус” со 23:33 беа поразени од екипата на ЖРК ,,Куманово” во првиот натпревар од новата сезона. Делчевки на неколку пати имаа водство и губеа со три разлика до 40-тата минута од натпреварот, но потоа грешките кои ги направија домашните ракометарки беа казнети од гостинките кои заслужено ги однесоа бодовите во Куманово.

Вториот наш претставник во ова натпреварување, екипата на РК ,,Делчево” во Струмица беше поразена со 22:24 од екипата на Струма. Според информациите на тој натпревар домаќинките имале помош од судииите кои не дозволиле делчевки да извојуваат поволен резултат.

Во продолжение видео материјал од денешниот натпревар помеѓу ЖРК “Брегалница плус” и ЖРК “Куманово”.

Изјави по натпреварот ЖРК „Брегалница плус“ – ЖРК „Куманово“

Изјави по натпреварот ЖРК „Брегалница плус“ – ЖРК „Куманово“

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الأحد، ٣ نوفمبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*