Ракомет и кошарка денес во Делчево

Со почеток од 12 :30 часот, денес женската екипа на РК “Брегалница плус” го игра првиот натпревар на домашен терен во рамки на кадетската конкуренција. Од екипата која минатата недела го организираше првиот ,,КЛ7″ Куп за 2019 година ги покануваат љубителите на ракометот од Делчево да дојдат во спортската сала ,,Методи Митевски Брицо” и да ги бодрат делчевки, а тие за возврат ќе ги почестат со добар ракомет во рамки на второто свое учество во женската пионерска лига.

Кога сме кај ракометот и настапот на нашите екипи, вчера пионерките на ракометниот клуб ,,Делчево” на гостински терен ја совладаа екипата на РК ,,Драчево” со резултат 23:11. Кадетките денес и гостуваат на РК Струма од Струмица.

Освен ракомет, денес во Делчево ќе гледаме и кошарка. Женскиот прволигаш ,,Клубски Патриот” со почеток во 16:30 ја пречекува екипата на Вардар. Претходно во 15:00 како увертира на сениорките, свој натпревар ќе одиграат кадетките на двете екипи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*