Општина Делчево распиша јавен повик за ученички и студентски стипендии

Општина Делчево го објави јавниот повик за доделување стипендии за талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија во учебната/студиска 2019/2020година.
 
Јавниот повик, како што информирше советникот за образование Ванчо Новоселски е објавен денес, а пријавувањето ќе трае до 18 ноември оваа година.
 
-Општина Делчево годинава ќе додели вкупно 28 стипендии за одлични средношколци и студенти во 4 категории. Во двете категории за средношколци од 2, 3 и 4 година од Средното општинско училиште „М.М.Брицо“ ќе бидат доделени вкупно 10 стипендии за ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или социјални случаи и 8 стипендии за средношколци кои претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија со освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари. И во двете категории условот е средношколците да бидат со континуиран одличен успех од 4,50 до 5,00, при што стипендиите кои ќе се доделуваат во период од 9 месеци, почнувајки од јануари 2020, се во висина од 1000 и 1500 денари месечно, истакна Новоселски.
 
Освен за средношколци, јавниот повик како што додаде Новоселски е отворен и за студенти, за кои општината има предвидено вкупно 10 стипендии.
 
-На овој јавен повик можат да се пријават редовни студенти со континуиран успех над 8,00, со место на живеење во Делчево од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ. Со првата категорија се опфатени 6 студенти, чии родители се невработени со ниски месечни примања или приматели на социјална помош, додека за втората категорија се предвидени 4 стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во студирањето, а се редовни студенти на техничките науки и медицинските науки од сите студиски години, освен I (прва). Стипендијата за првата категорија изнесува 2000 денари, додека за втората категорија 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година, додава Новоселски.
 
Потребните документи за учество на конкурсот се доставуваат до општина Делчево најдоцна до 18 ноември 2019 година. Потребните обрасци може да се набават во Општина Делчево или на веб-страницата на општината.
Повеќе информации околу доделувањето стипендии на линкот ТУКА

Општина Делчево го распиша јавниот повик за ученички и студентски стипендии

Општина Делчево го распиша јавниот повик за ученички и студентски стипендии

تم النشر بواسطة ‏‎delcevo365.mk‎‏ في الاثنين، ٤ نوفمبر ٢٠١٩

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*