Се подобрува патната инфраструктура во Делчево

Во Делчево заврши изградбата на крак од улицата „Орце Николов“ во населбата Ново Делчево. Денеска механизацијата од ОСД „Кирил“ ќе ја асфалтира улицата во должина од 50 метри, со што, како што информираат од Општина Делчево, се решава децениски проблем за жителите кои живеат на оваа улица.
 
-Асфалтирањето на улиците ќе продолжи во текот на утрешниот ден, кога се очекува да се асфалтира и новата улица во централното градско подрачје, која го поврзува пешачкиот мост со детската градинка. Вкупната должина на улицата, позната како Станбена улица 4 е во должина од околу 200 метри со ширина на коловозот од 6 метри, соопштија од Општината.
Со активностите на тој потег од градот, како што додадоа, ќе биде подобрена сообраќајниот и пешачкиот пристап за жителите од стариот дел на градот.
 
-Во рамки на активностите предвидена е и изградба на тротоар, како и дел од Станбената улица 3 која се вкрстува со оваа улица, со цел дополнителна пешачка и сообраќајна комуникација на стариот дел со новиот дел на градот, дополнија од Општина Делчево.
 
За тековната година, Општината предвидува изградба и на други инафраструктурни проекти во градот и населените места заедно со придружни објекти. За оваа намена се обезбедени 8 милиони и 600 илјади денари од сопствениот буџет.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*