Отворен ден на Граѓанското образование во деветолетката „Ванчо Прке“

Деветолетката „Ванчо Прке“ се вклучи во планираните активности по наставниот предмет Граѓанско образование. Во рамки на Отворениот ден на тема Граѓанското образование, денес во училиштето беа организирани неколку активности. Како што информираше Маријана Стоименовска, заменик директорката на ООУ „Ванчо Прке“, како идеја поттикната од Ученичкиот Парламент, учениците креираа Етички кодекс со кој ги искажаа своите права на однесување, а се реализираше и ликовна изложба.
 
-Исто така учениците изработија прекрасни цртежи во рамки на една голема ликовна изложба насловена „НЕ на дискриминацијата“. Со неа беа испратени силни пораки против дискриминацијата на учениците, како и правата кои треба да ги искажат преку нивното лично искуство, како ример во училиштето за настани и случки, преку кои се искажува каква превенција може да се организира, заедно со стручните служби во училиште. Активни организатори на оваа манифестација се пред се, педагогот и психилогот на нашето училиште, како и наставникот по Граѓанско образование, а тука се вклучени и наставниците по македонски јазик и ликовно образование, истакна Стоименовска.
Како дел од денешниот настан се реализираше и драмска претстава на тема „Не на врсничкото насилство“.
 
-Се работи за драма со едукативен карактер во која се презентирани сите содржини со кои сакаме да кажеме дека приодот кој го има граѓанското образование во наставата, треба да биде метод кој ќе иницира диксусии, активно учество на нашите ученици во учењето, како и развивање на демократските вредности кај учениците во Граѓанската култура, мултикултуралниот однос, толерантност и заедничкото дружење на учениците, рече Стоименовска.

ООУ „Ванчо Прке“ му кажа „НЕ„ на врсничкото насилство

ООУ „Ванчо Прке“ му кажа „НЕ„ на врсничкото насилство

Posted by delcevo365.mk on Friday, 8 November 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*