Се подобрува едукацијата за здравствените права на Ромите како пациенти во регионот Пијанец – Малеш

Во пехчевското село Црник продолжи информативно-едукативната кампања, со цел запознавање на ромската заедница во врска со прашањето за постоење на негативни наративи, дискриминација и прашања поврзани со здравствените права на Ромите како пациенти. На оваа тема свое излагање имаше експертот по трудово право Зоран Биковски, кој нагласи дека целта на активностите се подобрување на квалитетот на здравствените услуги кај ромската популација.
 
-И во село Црник како и во другите места од регионот Пијанец-Малеш имавме едукација на здравствени и социјални права на лидерки Ромки. Нивна улога е да ги пренесуваат стекнатите знаења на 5 соседни семејства. Ваквиот начин на работа дава резултат, бидејки конкретно во село Црник, преку навременото информирање сите деца Роми се вакцинирани и нема случаеви на незаконско наплаќање од гинеколог, кај жените Ромки, истакна Биковски.
 
Активностите, како што додаде ќе продолжат со спроведување анкети со ромското население.
 
-Во тие анкети има посебен дел на прашања посветени на здравјето на жените и децата од ромската заедница. Освен во Црник, овој прашалник ќе се пополнува во наредниот период и од страна на Ромите кои живеат во општините Делчево, Пехчево и Виница, додаде Биковски.
 
Оваа активност е во склоп на проектот,,Социјална отчетност и правно зајакнување“ подржан од ФООМ, а имплементиран од страна на НВО ,,КХАМ” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*