Никола Анакиевски, поранешниот ракометар на РК „Делчево“, денес најдобар во својот Вардар

Поранешниот ракометар на РК „Делчево“, Никола Анакиевски беше најдобриот поединец за неговиот Вардар, екипа за која настапува во пионерска конкуренција и која денес беше подобра од РК „Јуниор К.В“ со 36.32.

Никола Анакиевски со 7 гола беше прв стрелец на натпреварот, додека неговите соиграчи Петковски Христијан и Стоименов Александар погодија по пет пати. По четири погодоци постигнаа Стојаноски  Марио и Писонеро Алекандро.

Анакиевски во оваа конкуренција настапува како дел од тимот на поранешниот голман на Вардар, Зоран Петковски-Зенга, ракометари кои се 4 години помали од категоријата во која играат, а сепак го постигнаа својот деби успех.

По завршувањето на основното училиште во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево, Никола Анакиевски средното училиште го продолжи во Средното државно училиште за физичка култура „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје, каде ги има сите услови кои може да ги посака еден млад ракометар.
 
Пред да настапи за Вардар, беше еден од најдобрите поединци во екипата на РК „Делчево“ за која одигра над  50 натпревари во пионерска и кадетска конкуренција.
 
Детален извештај за последниот победнички натпревар на Анакиевски на овој линк!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*