„Форум за општински Буџет“ в петок во Делчево

Во тек e изработката на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година и одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година. Во таа насока пoчитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните,  Општинса Делчево ги информира граѓаните дека во петок со почеток од 14 часот во салата на Мултифункционалниот центар во Делчево ќе организира „Форум за општински Буџет“.
-На форумот се повикани претставници на урбаните и месните заедници, претставници од НВО-секторот и бизнис-заедницата, кои заедно со граѓаните ќе можат да ги одредат приоритетите за реализација кои треба да се предвидат во општинскиот буџет. Јавната раправа како дел од Форумот за општинскиот Буџет ќе се одржи на 15 ноември 2019 година (петок), со почеток од 14 часот во просториите на Мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ (трет кат), соопштија од Општина Делчево.
 
Во рамките на форумскиот процес планирана е презентација на актуелните и планираните проекти на Општина Делчево, како и презентација на предлог-рамката на Буџетот за 2020 година.
 
Пред одржувањето на Форумот како што напоменаа од Општината, потребно е месните и урбаните заедници, организации и здруженија, претходно да одржат свои состаноци и да ги издиференцираат најзначајните проблеми и потреби кои треба да се решат во наредната 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*