Во рамки на деновите на медиумска писменост кои што се организираат низ повеќе градови низ Македонија, денес за прв пат во Делчево се одржа работилница на тема „Медиумска писменост и справувањето со лажните вести“.Активноста како што информираше проект координаторот Родне Деолска е дел од проектот „Интернет супер-херои“ кој во наредните пет месеци ќе го реализира Регионалниот центар за застапување од Делчево, а ќе обработува теми од различни аспекти поврзани со медиумската писменост.
-Денес конкретно во Делчево го имаме првиот промотивен настан на кој ќе го презентираме овој петмесечен проект. На настанот освен ученици и просветни работници, кои се главна целна група, присуствуваа и новинари, медиумски работници, како и други заинтересирани граѓани кои во иднина би се вклучиле во сите наши активности, истакна Деолска

Ова е тема што речиси и не се обработувала во Делчево и затоа како што додава Деолска, е мошне важна во насока на справувањето со лажните вести и подобрување на медиумската писменост.
-Во иднина во рамки на овој проект предвидени се неколку тв-емисии, кои што ќе опфааќаат различни аспекти од областа. Исто така ќе ќе работиме и на активности од едукативен карактер со основци и средношколци за лажните вести и предизвиците со кои се соочуваат на интернет просторот, додава Деолска.

Регионалниот центар за застапување, проектот го имплементира во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Еуротинк, а финансиран од Европската унија.
Во Делчево започна реализацијата на проектот за медиумска писменост „Интернет супер-херои“
Во Делчево започна реализацијата на проектот за медиумска писменост „Интернет супер-херои“
Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 13 November 2019
Leave a Reply