Медот на Дамјановски од Делчево најдобар на “Tetovo Honey awards 2019”

Натпреварот за квалитет на мед “Tetovo Honey Awards 2019” на семејството Дамјановски од Делчево им ја донесе првата награда и златен медал за мултифлорен-ливадски мед.

Ова е огромен успех на ова делчевско семејство ако се има предвид дека а натпреварот учествуваа околу 250 пчелари од 15 европски и балкански држави.

-Наградата за нас е еден вид признание за долгогодишната работа во производството на мед со кое се занимаваме над 25 години, а за што најзаслужен е мојот татко Ванчо Дамјановски. Благодарност до организаторите за наградата и за одлично организираниот настан, истакна Зоран Дамјановски.

Настанот го организираа Здруженијата на пчелари „Градот на пчелите“ и „Полошки мед“ од Тетово и истиот финансиски е поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку мерката за техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој. На настанот присуствуваше и актуелниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанатво Трајан Димковски.

Честитки до нашите сограѓани за наградата и им посакуваме уште многу вакви награди.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*