Со резултат 27:17 кадетките на ЖРК „Делчево“ денес ги совладаа врсничките од ЖРК „Гевгелија“ во кој делчевки победата ја обезбедија во второт полувреме од натпреварот откако на полувреме беше 11:11.
Овој викенд беше богат со настапи кога е клубот во прашање. Тренерот Велков информираше дека во пионерска конкуренција веќе е обезбеден пласман во горниот дел на табелата.
-Овој викенд нашиот Ракометен клуб имаше богат репертоар на настани. Во пионерска конкуренција забележавме победа над екипата на Ѓорче во Скопје, со што се искачивме во горниот дел на табелата. Денес во кадетска конкуренција ни беа гости ракометарките од Гевгелија. Во првото полувреме имавме издначен натпревар додека во второт полувреме дојде до израз нашиот квалитет и победивме со двоцифрена разлика, рече Велков.
Натпреварите како што додаде, продолжуваат во вторник со настап на машката кадетдска екипа.
-Ја користам приликата да ги поканам љубителите на ракометот во вторник да дојдат да не бодрат во саалата на гимназијата, бидејки играме со првопласираната екипа на Астраион од Струмица. Натпреварот се игра во 16 часот и е одлична можност да видиме врвна претстава меѓу две силни екипи, рече Велков.
Кога е ракометот во прашање денес женската кадетска екипа на „Брегалница плус“ загуби на гостувањето во Струмица со 27:26, победа коај според присутни на мечот домаќинките ја обезбедиле со поддршка на судиите.
Магдалена Георгиевска за победа на ЖРК ,,Делчево" над ЖРК ,,Гевгелија" од 27:17
Posted by delcevo365.mk on Sunday, 17 November 2019
Магдалена Георгиевска за победа на ЖРК ,,Делчево" над ЖРК ,,Гевгелија" од 27:17
Posted by delcevo365.mk on Sunday, 17 November 2019
Leave a Reply