Со цел зголемување на бројот на садници во Делчево, утре, сабота 23 ноември 2019, во Делчево ќе се одржи акција за пошумување. Акцијата е во организација на Општина Делчево, од каде ги повикуваат граѓаните на масовно учество.
-Упатуваме повик до сите граѓани, институции и здруженија да земат масовно учество во акцијата за пошумување со цел сите заедно да дадеме придонес во збогатување на зеленилото и во зголемување на бројот на садниците во градот со што ќе покажеме дека се грижиме за чистиот амбиентален воздух во Делчево. Акцијата ќе се спроведе на неколку локации, а собирно место за учесниците е паркингот пред Спомен дом АСНОМ, информираа од Општината.

Акцијата се спроведува паралено со кампањата против загадување на воздухот, а освен граѓаните во акцијата со свои активности за подготовка на теренот ќе се вклучат и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ и Јавното претпријатие „Национални шуми“- ПШС „Голак“ Делчево.
-Садниците ќе се засадуваат во делот од мостот на река Габровчица и паркот кај езерцата до градскиот стадион, при што се планира да се засадат околу 100 садници од јавор и јасен, како и чемпреси и липи во парковите во центарот на градот, додадоа организаторите.
Акцијата започнува во 9 часот, а учесниците со себе треба да понесат и соодветен алат за пошумување.Последната акција за пошумување во Делчево беше спроведена во 2015 година, под мотото „Зачувај ја својата иднина“.
Leave a Reply