Форум за ЛИДЕР пристап и вмрежување на ЛАГ-ови во Пехчево

На 27 ноември во Пехчево се одржа првиот Форум за ЛИДЕР пристап и вмрежување на ЛАГ-ови во организација на Локалната Акциона Група Малеш-Пијанец. На настанот учествуваа претставници на ЛАГовите од Источниот и Југоисточниот регион, но истовремено беше отворен и беа поканети и други ЛАГови од земјава кои сакаат да земат учество и да се вклучат во овој настан кој е прв од ваков вид во организација на Локална Акциска Група. На форумот присуствуваа претставници од Мрежата за рурален развој на Македонија, МЗШВ, а специјални гости беа претстаници на ЛАГ Горењска од Словенија кои по потекло се од Македонија.

Како што истакна организаторката на форумот и претседателката на ЛАГ Малеш Пијанец, Јасминка Пашалиска Андоновска, целта на форумот е да ги зајакне заедничките напори и капацитети на стратешките чинители во практикување и имплементирање на ЛЕАДЕР пристапот за постигнување рурален развој.

„Сесиите во агендата вклучија презентации и дискусии во форма на платформа за размена на искуства и пренесување на позитивни практики од земјите на ЕУ, како и креирање на рамка за засилена соработка и поинтензива соработка во следниот период. Морам да истакнам дека имаше плодна дискусија и конкретни заклучоци кои произлегоа од формалните и неформалните разговори со присутните, а кои во наредниот период и детално ќе ги дискутираме со ресорното министерство и останатите засегнати страни во овој процес – истакна Пашалиска Андоновска.

Претставниците на Мрежата за рурален развој го истакнаа своето задоволство од организирањето на еден ваков настан
„Мрежата за рурален развој е носител на овој проект од чиј дел е и овој форум и на овој начин ги зајакнуваме и нашите капацитети, но и капацитетите на сите ЛАГови,

Учесниците на форумот по завршувањето на агендните активности го посетија и седиштето на ЛАГот, Едукативниот центар за заштита на природата во селото Негрево. Oвој форум се реализираше во рамки на проектот „Промоција на концептот ЛИДЕР“ поддржан од Мрежата за рурален развој и WeEffect.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*