Се гради крак од канализациска мрежа во селото Стамер

Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве интензивно работат на изградба на крак од канализациската мрежа  во селото Стамер со што се решава долгогодишен проблем за жителите во ова село.  

Станува збор за изградба на канализација во должина од 250 метри при што се поставуваат цевки од фи -200 со што отпадните води ќе се водат надвор од селото, а инвестицијата е на Општина Делчево.

Увид во градежните работи направи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека оваа интервенција е на барање на жителите од селото кои поради недоизградена канализација имаа сериозен проблем поради недовршената мрежа,  отпадните води им завршуваа пред куќите, односно се излеваа во селото.

Трајковски истакна дека со доизградбата на овој крак  од канализацијата се превенира и опасноста од заразни болести, се придонесува за почиста животна околина , но и се решаваат основните инфраструктурни проблеми во селото.

Комплетната доизградба на канализациската мрежа во селото се најавува за наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*