Македонскиот кик боксер Мики Ивановски со победа над Илијан Томанов го заврши своето учество на Меѓународниот ,,Про-Фајт” натпревар кој се одржа во Дупница, Р Бугарија. Како што изјави Ивановски по натпреварот ова е 24 негова победа на меѓународните натпреварувања.
-Успешно ја завршив мојата 34 професионална борба со што досега имам 24 победи. Благодарност до Кирил Чакаров човекот кој ме покани во најпрестижната професионална спортска организација на вакви ,,Про-Фајт”. Организацијата на турнирот беше на највисоко ниво. Благосарност до сите оние со кои поминав поголем дел од подготовките и секако до моите колеги и ветувам за следните борби уште подобар настап, истакна Ивановски.

Ивановски и Томанов кои настапија како втори на Меѓународниот турнир ,,Про-Фајт” се натпреваруваа во категорија за кик-боксери до 86 килограми.
Ивановски во аматерска конкуренција, има 151 борба, при што има освоено неколку балкански првенства, светски купови и е трократен медалист од европски првенства.
Во 2010 година во Азербејџан го освои бронзениот медал во дисциплината лоу кик, а во 2013-тата во Харкив –Украина сребрениот медал во мај тај и 2014-тата бронзата во Билбао, Шпанија, во најтешката дисциплина К-1.
Ивановски во изјава за порталот Ипон не одрекува дека повторно би учествувал на Европско и Светско првенство.
Leave a Reply