Академскиот хор „Мирче Ацев“ одржа Новогодишен концерт во Делчево

Во рамки на Новогодишната културна понуда вечерва во Делчево настапија доајените на македонското хорско пеење Академскиот хор „Мирче Ацев“. Хорот кој е дел од Академското културно уметничко друштво при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје постои од основањето на здружението во 1949 година и од тогаш до денес како што истакна уметничкиот директор Благоја Јовановски, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број на награди на фестивали низ целиот свет.

-Седумдесет години е голем период испреплетен со доста концерти, гостувања во странство, реализирање на програма, онаа која сме ја зацртале со поминале со фолклорниот и хорскиот ансамбл, така да поминале преку 5000 членови во самото друштво, сите тие програми да ги осогласиш, да ги научиш тие членови членови да пеат и да играат е голема обврска и ние успеваме овие сите 70 години да бидеме од светската елита, истакна Јовановски.

Концертот во Делечво е во организација на општината, чиј портпарол Даниела Такева, истакна дека Делчево треба да биде гордо што беше сведок на едно прекрасно доживување и прекрасни нумери интерпретирани од професионалци од Академскиот хор „Мирче Ацев“.

-Јас се надевам дека оваа соработка со Академскиот хор „Мирче Ацев“ ќе продолжи и понатаму, а всушност овој Новогодишен концерт нека биде загревање за делчевци на кои ќе им посакаме Среќна Нова Година и да бидат сведоци на многу вакви моменти и во наредната година, истакна Такева.

По овој концерт како дел од Новогодишната програма во Делчево како што информираше директорот на Центарот за култура, Методи Толевски, предвидени се концерти на културни уметничките друштва „Н.Ј.Вапцаров“ и „Гоце Делчев“ кои ќе се одржат во текот на наредната недела.

Новогодишен концерт на Академски хор „Мирче Ацев“ (Изјави)

Новогодишен концерт на Академски хор „Мирче Ацев“ (Изјави)

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019

Од концертот на Академскиот хор ,,Мирче Ацев"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019

Новогодишен концерт на Академскиот хор ,,Мирче Ацев"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019

Светски хор изведби – Академски хор ,,Мирче Ацев"

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*