Во Делчево се спроведе акцијата за чистење на дивите депонии

Во Делчево како што информираа од Општината се чистеа критичните локации претходно утврдени од Општинскиот инспекторат и ЈКП „Брегалница“, а за потребите на акцијата ЈАцвното претпријатие ја стави во функција и потребната механизација.

-Се чистеа локации кај мостот на ул „Индустриска“, дивата депонија во близината на манастирот „Св.Балаклија“, пешачката патека Делчево-с.Ѕвегор, кејот на река Брегалница, како и депонијата во с.Град, информираа од Општината.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој активно се вклучи во акцијата изрази задоволство од вклученоста на администрацијата во оваа акција и истакна дека секој поединец треба со свој пример да придонесе за почист град и почисто Делчево.

-Општина Делчево со задоволство се вклучува во акцијата иницирана од Владата и според мене ова е одличен пример за општествена одговорност и грижа за почиста животна средина на сите поединци вработени во институциите, но и воопшто на секој граѓанин. Дивите депонии не се создаваат сами, туку тие се резултат на негрижата за животната средина и лошите навики. Ние не смее да создаваме депонии по навика и не смееме да дозволиме ѓубрето да го нагрдува нашиот убав град и сите треба со свој личен пример да придонесеме за почисто Делчево, рече Трајковски.

Во 2019 година ова е трета акција за почиста животна средина во организација на Општината. Пред еден месец беше организирана и акција за пошумување во рамките на која беа засадени 200 садници во централното градско подрачје.

Од акцијата за чистење во која беа вклучени вработени во ЈПК „Брегалница“

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019
Акција за чистење на дивите депонии во Делчево

Акција за чистење на дивите депонии во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 14 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*