Вљубеници во природата го искачија врвот Чавка

Денес, претседателот на ПСК ,,Голак” Делчево и лиценциран планинарски водич Љупчо Чучуковски беше домаќин на 60 членови од групата Вљубеници во природата од Скопје.

Денешното дружење како што информира Чучуковски беше составено од два дела.

-Направивме една планинарска маршута со почеток од Вила ГРАНИТ (1390 м.н.в.) под врвот Голема Чавка (1538 м.н.в), се до врвот Мала Чавка (1508 м.н.в.) каде се наоѓа и манастирот ,,Св.Пантелејмон” и назад во вкупна должина од 5 километри. Имавме идеално сончево време без ветар, голема видливост и со температура од +10 степени, истакна Чучуковски.

Посетата на Голак завршила со заеднички ручек и дружење како и хуманитарен дел во Вила Гранит (1390 м.н.в.)

-Овде посебно сме среќни бидејќи на моја иницијатива, а подржан од Глигор Урумов, одговорен на групата ,,Вљубеници во природата” како и прекрасните Зорка Илијевска и Марија Ивановска собравме 6000 денари, кои ќе ги донираме на едно 7-члено семејство од едно село во Оштина Делчево, се со цел убаво да си ги поминат новогодишните и божикните празници, дополни Чучуковски.

Голема благодарност и браво за нашите пријатели ВЉУБЕНИЦИ ВО ПРИРОДАТА ОД СКОПЈЕ. Поздрав и продолжуваме со соработката, вели на крај од својата објава на Facebook, претседателот на ПСК ,,Голак” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*