Информативни предавања за идните возачи во Делчево

Под мотото „Твоето незнаење чини живот“, Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Делчево го одржа првото информативно предавање по прва помош за средношколците од гимназијата.

Денешното едукативно предавање како што информираа од Црвен крст Делчево, беше наменето за учениците кои наскоро за прв пат ќе се стекнат со возачка дозвола.

-Целта на овие предавања е информирање на идните возачи за курсната настава по прва помош за кандидати за возачи што ја спроведува Црвениот крст од Делчево како овластена организација од Министерство за здравство, каде идните млади возачи ќе добијат квалитетно теоретско знаење и ќе се стекнат со практични вештини во делот на првата помош, информираа од Црвен крст Делчево.

Претходно, како што додаваат од Црвен Крст Делчево, вакви практични вежби беа реализирани со претставници на општинската адиминистрација како и со вработените во Територијалната противпожарна единица од Делчево.

Од Црвен крст Делчево најавија дека вакви активности ќе се реализираат и во 2020 година

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*