Одржан годишниот концерт во чест на 45-годишниот јубилеј на КУД ,,Гоце Делчев”

Со годишен концерт делчевското културно-уметничко друштво Гоце Делчев одбележа 45 години од своето постоење. Пред многубројната публика вкупно 202 членови на друштвото се претставија со кореографиите со кои друштвото во изминатите 45 години настапуваше ширум земјава и светот. 

-Како и секогаш самите членови на културно-уметничкото друштво го покажаа тоа што знаат и умеат, културно-уметничка програма која е дел од широката палета на кореографии со кои сме настапувале на концертите во Македонија и странство. И благодариме многу на прекрасната публика која секогаш со интерес ги следи настапите на КУД ,,Гоце Делчев”, а посебна благодарност до членовите кои подготвија прекрасна програма, истакна Реџепов.

Граѓаните кои присуствуваа на настанот изразија воодушевување од младите фолклористи и нивните настапи

-Секоја чест за младите играорци и играорки кои уште од мали нозе покажаа како треба да се негува македонскиот фоклор, истакна посетителка на концертот.

Културно-уметничкото друштво веќе 45 години е најдостојниот репрезент на Пијанечкиот фоклор за што друштвото има добиено голем број признанија и награди. Организатор е на голем број манифестации меѓу кои најзначајни се Пијанечко-малешевска свадба и Меѓународниот фестивал ,,Делчево Фест” на кои годинава настапија над 300 играорци од земјава и странство

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*