Започна Новогодишниот саем на „Сакам книги“ во ЈЛБ „Илинден“

Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја завршува годината со Новогодишен саем на книги. Како што информираше директорката на библиотеката Билјана Петровска, на саемот на продажба се најбараните наслови од издавачката куќа „Сакам книги“.

-Од денеска започна мини-саемот на книги на издавачката книга „Сакам книги“. Да потсетам дека овој саем на книги е во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“, а е дел од Новогодишната програма на општина Делчево. „Сакам книги“ ни испратија прекрасни наслови кои што чекаат на сите наши читатели и сите наши сограѓани, инфомира Петровска.

Читателите изразија задоволство од понудата која може да се најде во рамки на Новогодишниот саем на книги.

Мини саемот е предвиден да трае до петок 27 декември 2019 до 18 часот. Оваа активност како што додадоа од библиотеката е последна во организација на Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево за оваа календарска година.

Новогодишен саем на „Сакам книги“ во ЈЛБ „Илинден“ Делчево

Новогодишен саем на „Сакам книги“ во ЈЛБ „Илинден“ Делчево

Posted by delcevo365.mk on Monday, 23 December 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*