Изгласан Буџетот на Општина Делчево

Советниците на Општина Делчево на денешната Седница го изгласаа Буџетот на Општина Делчево за 2020 кој изнесува 336 милиони и 995 илајди денари, додека Основниот буџет е проектиран во износ од 110 милиони и 881 илјади денари, каде капиталните расходи се планирани во износ од 60 милиони и 112 илјади денари, или 54 проценти, додека тековно-оперативните расходи се планирани на износ од 50 милиони 769 илјади денари или 46 проценти.

Според градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, Буџетот за 2020 година е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства се расходи наменети за капитални проекти.

-Капиталните расходи се проектирани на ниво од 114 милиони 304 илјади денари во вкупниот буџет, односно 60 милиони 112 илјади денари во Основниот буџет и во најголем дел се однесуваат на изградба и реконструкција на улици и патишта и тоа и во урбаниот, но и во руралниот дел на општината, во износ од 36,3 милиони денари, потоа на изготвување проекти за улици и патишта во износ од 2,2 милиони денари, надомест за одземен имот во износ од 4 мил.денари, односно попознато како експропријација на земјиште, планирани се средства за изградба на капела, како и средства за изградба на новиот зелен пазар кој е наш развоен проект за наредната година, рече Трајковски.

Во 2020 година планирана е изградба на улиците во населбата Басарица во износ од 21 милион 867 илјади 127 денари (дел од тие средства односно околу 17 милиони денари ќе бидат трансферирани од АФПЗРР), потоа изградба на канализација во истата населба, во износ 6 милиони 861 илјада 300 денари, (согласно со Договорот со АФПЗРР со износ од 6 милиони 187 илјади 226 денари).

– Планирани се средства од донација за набавка на камион во ТППЕ, како и дел од грантот добиен преку МСИП- проектот за набавка на возило во ЈПК за чистење улици. Оваа година е планирано и домашно задолжување за реконструкција на улиците „В.Јоциќ“, дел од ул. „М.Тито“ (од касарната па до населбата), и ул.7 кај СРЦ. Овие расходи се во функција на подобрување на јавните услуги и подобрување на инфраструктурата во Општината, истакна Трајковски.
Тој потенцираше дека во новиот Буџет, покрај стимулациите со стипендии за талентираните средношколци и студенти од Делчево, наредната година се воведува нова мерка за првачињата со која се предвидува Општина Делчево да доделува по 3.000 денари на секое прваче кое ќе се запише во прво одделение во основните училишта во Делчево.

-Со оваа мерка сакаме да дадеме поддршка на родителите за да го подготват своето прваче за почетокот на неговото школување, но и сакаме да покажеме дека се грижиме за нашите деца кои сакаме да останат да се школуваат дома. За културни настани имаме предвидено 1,1 милион денари, за поддршка на спортските клубови и здруженијата на граѓани предвидовме 1 милион 250 илјади денари Односно, сакаме да одговориме на потребите на граѓаните во секоја смисла што го карактеризира и квалитетот на животот на нашите сограѓани, рече Трајковски.

На денешната Седница, советниците ја донесоа и Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2020 година, Буџетскиот календар за 2020 година, Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година, Одлуката за продолжување со работа на Локалниот историски, археолошки,етнолошки и палеонтолошки музеј на град Делчево „Пијанец“.

Изјавата на градоначалникот на О.Делчево, дел од неговото образложување, образложувањето на раководителката на секторот финансии и дискусиите за Буџетот погледнете ги во продолжение.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*