Се е подготвено за утрешниот Новогодишен базар во деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево

И оваа година како дел од одбележувањето на Новогодишните празници ООУ „Ванчо Прке“, повторно организира Новогодишен базар, со хуманитарен карактер.

Средствата кои ќе бидат собрани од Новогдишниот базар ќе бидат наменети за потребите на учениците и воспитно-образовниот процес.

Со овој Новогодишен базар утре завршува и последната планирана активност на учениците и наставниот кадар за првото полугодие, по кое ќе следат полугодишните оценки и посакуваниот распуст.

Од училиштето ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од овој настан кој ќе се одржи утре, 30 декември 2019 со почеток во 10 часот во просториите на училиштето.

Еве потсетување како се реализираше настанот во изминатите години

Новогодишен базар во ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево

Новогодишен базар во ООУ „Ванчо Прке“ – Делчево

Posted by delcevo365.mk on Friday, 29 December 2017

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*