Наца и Душко Ангеловски се брат и сестра од село Град, Делчевско, Македонија. Работат со години во застапништвото за бродови Caminada Verft во Швајцарија.
Наца има поминато основна обука како шивач и механичар, додека Душко е градежник и работи на одржување на каросеријата на бродови, чамци и други пловни средства. И двајцата имаат поминато дополнителна обука, со научен германски јазик во рекордно време.
Сопствениците за нив велат дека се вредни, скромни и одлични специјалисти во својата работа.
Ако имате повеќе вакви работливи луѓе во Македонија, би ги ангажирале – стои во објавата на фан страната на Caminada Verft кои посветија видео сторија за вредните Душко и Наца. Уште еден доказ колку вредниот работник се цени надвор!
Со Ангеловски кој има искуство со работатата во оваа фирма поразговаравме минатото лето, при неговата посета на езерото Сандански во Делчево. Во продолжение линк од тој разговор.
Leave a Reply