Интервју со Маја Величковска, дипломиран ликовен уметник од Делчево

Во текстот кој ќе го прочитате во продолжение, Ве запознаваме со Маја Величковска од Делчево, дипломиран ликовен уметник на универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” – Факултет за ликовни уметности, која уште од детство ја негува љубовта кон цртањето, а во моментот главна преокупација, меѓу другото и е фреско-сликарството. Следејки ја нејзината работа на фејсбук страницата Професионално студио за икони М, решивме да направиме кратко интервју, во кое Величковска ни раскажа за сите детали поврзани со нејзината работа.

delcevo365.mk: Кога за прв пат се појави вашата љубов за цртањето?

Величковска: Љубовта кон цртањето се појави уште од моето рано детство. Тоа беше причина да се запишам во Средното-уметничко училиште ,,Лазар Личеноски”. За време на школувањето имавме предмет применето сликарство и по тој предмет изучувавме изработка на икони и фреско-сликарство што беше причина уште повеќе да го засакам предметот и да навлезам во тајните на оваа уметност.

delcevo365.mk: На вашата страница гледаме доста изработки, претежно икони, кои навистина изгледаат фасцинантни. Како се снаоѓате за материјал и кој материјал е најдобар за изработка.

Величковска: Материјалите ги набавувам од специјализирани продавници за сликарски материјали од Солун, а дрвената подлога на која се изработува иконата ја набавувам од Србија, директно од фабрика специјализирана за производство на даски за иконопиство. Во денешно време најчесто се применува акрилот како боен материјал кој котира со висок процент на квалитет и затоа претежно изработките се во акрил.

📷Дел од процесот на изработка на едно дело на Величковска

delcevo365.mk: Колку време ви е потребно за изработка на едно дело од средна големина и кои дела најчесто се бараат?

Вечичковска: Временскиот период за изработка на едно дело, зависи од мотивот што се претставува (дали е портрет на светец, сцена, празник). Обично за портрет на светец ми е потребно од еден до два дена, но од кога се заврши сликањето, боениот слој се заштитува со содветен лак кој е потребно да се исуши два до три дена.
Најбарани икони се портрети на светци како што се: “Св.Антониј”, “Св.Богородица”, “Св.Никола” и други.

delcevo365.mk: Доколку ви се укаже можност, дали би прифатиле изработка на внатрешен простор на некој верски објект. Имате ли искуство со работа на поголеми црковни објекти и доколку е така набројте неколку?

Величковска: Секако дека е предизвик да се прифати таква работа. За ваша информација, веќе имам работено на неколку цркви во Македонија како што се црквите “Покровита Богородица”, ,,Св.Димитриј” во Штип”, ,,Успение на пресвета Богородица” во Скопје и др. Времетраењето за изработка на фрескописот на една црква, секако е во зависност од квадратурата, но како што кажав навистина е огромен предизвик да се биде дел од таква работа.

📷Маја Величковска (лево) за време на едукативна работилница во Дневниот центар во М.Каменица

delcevo365.mk: Од каде најчесто има побарувачка за вашите уметнички дела, колку често и во кој временски период се бараат?

Величковска: Побарувачката за изработка на икони има во текот на целата година, најмногу околу големите празници, претежно нарачуваат луѓе кои пред се веруваат во христијанството и што сметаат дека е чест да имаат едно такво дело во нивниот дом. Има клиенти што нарачуваат икони за македонските цркви во дијаспората .

📷Дел од творештвото на Величковска

delcevo365.mk: Имајки предвид дека со сопругот сте млади родители, колку имате поддршка од најблиските?

Величковска: Да, секако имам безрезервна поддршка од најблиските. Без нивна поддршка секој поединец па и јас не би успеал. Од големо значење всушност за уметниците е поддршката од најблиските”

delcevo365.mk: Дали во денешно време во мала средина може да се успее и колку интернетот помага да ги истакне човек своите квалитети како уметник?

Величковска: Па сите знаеме дека во денешно време интернетот е еден голем маркетинг, а поготово фејсбукот каде може да се рекламира секој и тоа е од голема помош, бидејки денеска нема човек кој не користи интернет или социјални мрежи. Во мала средина секој почеток е тежок, но се пред се со квалитетна работа и добра самореклама може да се успее. За нашата работа можат да не следат на фејсбук страната Студио за икони М.

📷Величковска со семејството
https://www.facebook.com/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%84%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B8%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%9C-105380367491092/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*