Прехранбени и хигиенски пакети за Ромската заедница во Берово

Во Берово поделени 70 прехранбени и 70 хигиенски пакети наменети за ромската заедница во градот. Активноста се реализираше со поддршка на волонтери од невладината организација „Сонце“ од Тетово, во соработка со Црвениот крст на РСМ и Фондација Отворено општество-Македонија.

-Дистрибуцијата на хуманитарната помош се реализираше согласно препотаките за заштита од вирусот Ковид-19, со тоа што волонтерите коректно и заштитени влегуваа во домовите на корисниците. Со оваа помош се надеваме дека и овој пат помогнавме на повеке семејства за полесно справување во овие тешки моменти, истакнаа донаторите.

свен во Берово дополнителни 1.260 хуманитарни пакети за загрозените ромски семејства како што додадоа, се распределени и во општините Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес, односни во општините кои не беа опфатени со првата дистрибуција на хуманитарна помош.

Претходно хуманитарна помош за ромската заедница беше обезбедена со поддршка на неколку организации и поединци од Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*