Од следната недела рестораните и кафулињата ќе работат на отворено, се отвораат и градинките!

Животот полека ќе се враќа во нормала веќе од следната недела, најави министерот Филипче на денешната прес-конференција.

-Угостителските објекти во прво време ќе може да ги отворат само терасите, а на нив ќе може да се седи само на одредена дистанца, ова го најави на денешната прес-конференција министерот Филипче.

– Останува Комисијата за заразни болести до крајот на оваа недела да го финализира овој протокол и веќе од почетокот на следната се да биде во функција. Секако, тука се мисли и на градинките бидејќи кога родителите ќе почнат да работат и ќе нема кој да ги чува децата, рече Филипче.

Угостителските објекти во Делчево согласно последната одлука на делчевскиот Совет, а на иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски за месеците април и мај се ослободени од плаќање такса за користење јавен простор пред деловните објекти. Согласно со евиденцијата на Општина Делчево, одлуката се однесува на 25 угостителски објекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*