Изгаснат пожарот во кој настрада плевна во село Будинарци

Изгаснат пожарот кој зафати плевна во беровското село Будинарци. во акцијата за гаснење учествувала беровската Територијалнатапротив пожарна единица, а увид извшрила беровската полиција.

-На 03.05.2020 во 23.30 часот било пријавено дека во с.Будинарци, беровско, настанал пожар во плевна, во која имало земјоделска механизација, сопственост на С.Ф. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово. Увид е извршен од увидна екипа од Полициската станица Берово, се вели во извептајот на МВР.

Истиот ден рачна неексплодирана направа е пронајдена во ѕид од плевна во пехчевското село Робово. -Рачната неексплодирана бомба била од непозната марка и потекло. Истата ја пријавил Љ.Ј.(66) од с.Робово, пехчевско, на 3 мај 2020 во 10.00 часот. Направатa е пронајдена при рушење на ѕид од плевна, веднаш до семејната куќа, стои во полицискиот извештај.

Бомбата била безбедно подигната од страна на Дирекцијата за заштита и спасување Берово за понатамошна постапка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*