КИЦ „Романса“ со отворен повик за учество во проектот ,,Култура во време на корона”

Културно информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица го објави јавниот повик за финансирање на проекти, како дел од кризните мерки „Култура во време на корона”. Идејата на повикот, како што информира раководителот Горан Огнановски е поддршка кон музичките уметници кои ги изгубиле редовните музички настапи во овој период, но и доближување на културата до сечиј дом во време на корона кризата.

-Помеѓу проектите кои се дек од јавниот повик ќе ги напоменеме, маалските музички изведби, односно настапи, во времетраење до 2 часа. Повикот се однесува на сите уметници, музичари, артисти од Општина Македонска Каменица кои во овој период немаат ангажмани при што изведувачите треба да бидат со место на живеење во Општина Македонска Каменица, без ограничување на возраста, истакна Огнановски.Според потребите,  како што додаде, дел од музичката опрема за настап биде обезбедена од КИЦ „Романса“ Македонска Каменица.

-Напоменуваме дека ќе бидат прифатени оние уметници/музичари односно музички групи/бендови, кои имаат барем минимум музичко искуство и настапи, а за сите изведувачи предвиден е еднаков солидарен хонорар. Настанот ,,Култура во време на корона” е поддржан од општина М.Каменица, додаде Огнановски.

Средствата се обезбедени преку годишната програма за култура на КИЦ „Романса“ за 2020 година

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*