ПДПР со предлог како да не се блокираат сметките на корисниците на гарантирана минимална помош

Партијата за демократски просперитет на Ромите со нов предлог за препознавање на корисниците на гарантираната минимална помош од страна на извршителите за да не им се блокираат сметките.

“Согласно законот за Извршување корисниците на Гарантиран Минимален Приход се изземени од извршување. Со Меморандумот од 29.12.2017 год.потпишан помегу Министерството за Труд Социјална Политика и Комората на извршители од страна на извршителите е превзема обврска да не ги блокираат сметките на оваа група на грагани. Со Уредбата на Владата од 16.04.2020 год.за примена на Законот за Извршување за време на Вонредна состојба примање од права на парична помош од социјална заштита се изземени од извршување. Но и покрај тоа сеуште сметките на овие грагани од страна на Извршителите им се блокираат со што уште повеке им се загрозува сеопштата состојба посебно сега во време на вонредна состојба.За да во иднина се спречи ваквата пракса а и извршителите не бидат на удар на јавноста предлагаме усогласување помегу Министерството за Труд и Социјална Политика и Комората на извршители со тоа што корисникот на Грантираниот Минимален Приход ке имаа посебен социјален број со кој извршителите веднаш по приемот на Барањето за извршување ке го препознае во системот и ке го отфрли барањето спрема ваквиот должник и нема да може да му се блокира сметката,а на извршителите препорачуваме да не ги тераат да потпишуваат спогодби за наплата на долгот”, се вели во предлогот на ПДПР во врска со ова прашање.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*