Ремаркирана Националната патека Голак-Плачковица

Ремаркирана националната планинарска патека Голак-Плачковица. Ремаркирањето, како што информираше претседателот Љупчо Чучуковски, го извршија членови на Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак”, согласно препораките за заштита од вирусот КОВИД-19. 

-Согласнo мерките за заштита од коронавирусот, денес извршивме ремаркирање на дел од нашата национална планинарска патека Голак-Плачковица, која е прва таква патека во Брегалничкиот регион. Ремаркирањето и чистењето започна од најниската точка на патеката кај река Осојница на 460 метри надморска висина, се до селото Блатец на 700 метри надморска висина на падините на планината Плачковица, рече Чучуковски.

Должината на ремаркирањето, како што додаде изнеаувало 5 километри.

-Маркирањето и ремаркирањето се прави во период кога вегетацијата е најјака, за да се види каде треба да се чисти, маркира и ремаркира. Се надеваме дека со оваа активност ќе придонесеме за полесно движење на рекреативците по оваа патека, додаде Чучуковски.

Вакви и слични активности, како што додаде делчевскиот планинар, ќе се реализираат и на останатите планинарски патеки во Пијанечко-малешевскиот регион, се со цел олеснето движење на рекреативците и планинарите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*