Масовно се полнат резервоарите на бензинските во Делчево

Дека и новото покачување на цените на горивата силно влијае на буџетот на граѓаните, вечерва се потврди со масовните колони возила на бензинските пумпи во Делчево. Граѓаните кои чекаа да наполнат бензин по се уште старата цена се незадоволни од новото покачување на цените. велејки дека додека во светот упорно паѓа цената на нафтата, во Македонија возачите ништо не почувствуваа од намалувањето.

-Имавме само една недела би рекле пристојни цени под 50 денари за бензинот што донекаде е прифатливо. Но за жал кратко траеше таа состојба, бидејки еве од утре цената на бензинот повторно се ближи во рамкит ена безмалку едно евро за литар, велат незадоволни возачи кои беа дел од колоната возила кои вечерва како што самите додаваат чекаа да го наполнат резервоарот по старите цени на бензинот.

Според изјавите на вработени на бензинската во моментот има доволно гориво за да се задоволат потребите на граѓаните.

-Досега ваква ситуација немаме забележано. Иако и во време кога немаше коронавирус бензинот бил и поскап вакви гужви не се забележани. Сепак нема потреба од гужви, имаме доволно гориво за да ги услужиме сите, велат вработените на една од бензинските пумпи во Делчево.

Според новите цени на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,51% во однос на претходните малопродажните цени на нафтените деривати, што беше причина делчевчани масовно да ги полнат резервоарите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*