Дистрибуирани хигиенски пакети во рамки на проектот ,,Социјална отчетност и правно зајакнување во ромски средини”

Во рамки на проектот ,,Социјална отчетност и правно зајакнување во ромски средини”, денес во општините Берово и Виница, како и пехчевското село Црник, доделени хигиенски пакети наменети за бремени жени од ромска популација. Како што информираше Зоран Биковски од невладината организација ,,КХАМ” од Делчево, со акцијата беа опфатени и жени со деца на возраст до 1 година.

-Доделивме вкупно 37 хигиенски пакети од споменатата категорија граѓани во трите општини и селото Црник. Во дистрибуцијата на хигиенските пакети активно учествуваа и претставници на НВО ,,Хера”. Ваква активност ќе имаме и во текот на утрешниот ден, при што хигиенски пакети ќе бидат дистрибуирани и за споменатата категорија жени ромки од општина Делчево, рече Биковски.

Невладината организација ,,КХАМ” како што додаде, во текот на следната недела ќе се вклучи во одбележувањето на Неделата на имунизација.

За утрешната активност вкупно 13 хигиенски пакети ќе бидат доделени на бремени жени и жени со деца дева до една година од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*