Делчевски планинари го искачија врвот „Ченгино Кале“

Седумчлена експедиција на планинарскиот-спортски клуб „Голак“ продолжи со искачување и промовирање на помалку познати места во Пијанечко-малешевскиот крај.

Како што информира Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“ по убаво и топло време, делчевските планинари реализирале планинарска маршрута до врвот „Ченгино Кале“.

-Ченгино Кале или како што е познат уште како Моравски Врв се наоѓа 1754 м.н.в. на Малешевските Планини, под кој се наоѓа изворот на река Брегалница. Почетна точка ни беше излетничкото место Равна Река на 1114 м.н.в. а потоа продолживме по следниот редослед, Водопадите на река Брегалница (Пехчевски водопади) 1221 – 1237 м.н.в. – Скокото 1245 м.н.в. – Љутачки водопад 1302 м.н.в. – Караула Ченгино Кале на 1476 м.н.в. – Ввр Ченгино Кале (Моравски Врв) 1754 м.н.в, истакна Чучуковски.

Вкупна должина на патеката во двата правци изнесувала 19 километри со висинска разлика од 640 метри.

-Патека која спаѓа во полесните патеки е наменета за сите планинари и рекреативци. Интересна во овој период од годината бидејќи водостојот е голем, така што и водопадите се полни со вода и интересни за гледање. Како единствен планинарски Клуб во крајниот источен дел од државата, кои сме членки во Федерацијата за планинарство, имаме за задача да ги посетуваме и промовираме сите интересни планини во овој дел од државата, додаде Чучуковски.

Планинарскиот марш бил реализиран со придржувавање на препораките од Министерството за здравство, при што планинарите се движеле во мала група на растојание од најмалку 1,5 метри и во зависност од потребата со носење заштитни маски.

Делчевските планинари го искачија врвот „Ченгино Кале„

Делчевските планинари го искачија врвот „Ченгино Кале„

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 17 May 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*