Жителите на Владимирово очекуваат брзо оздравување на единствениот позитивен заразен од Ковид-19 во Беровско

Жителите на беровското село Владимирово, очекуваат брзо оздравување на единствениот позитивен пациент на Ковид-19 во Малешевијата. Бранко Ужевски, жител на селото, вели дека селаните се чувствуваат како изолирани по појавата на Ковид-19, но додава дека селаните ќе ја надминат оваа состојба.

-Вие сте првиот медиум кој е во посета на селото по појавата на вирусот. Ние сепак се спремаме за најдоброто. Секако дека селото беше вознемирено, по објавата на првиот случај, но ние Владимирци сметаме дека ова е болест која ќе помине и потоа пак ќе живееме вообичаено, вели Ужевски.

Освен поединечниот случај на Ковид-19, за среќа како што додава Ужевски, нема индиции за други заразени од вирусот во Владимирово.

-После случајот што се појави, дознавме дека сите негови блиски роднини и оние што биле во контакт се тестирале и се негативни. Мислам дека Владимирово сепак на тоа ќе оддолее., Дадовме целосна поддршка на семејството на пациентот и да се надеваме дека тоа ќе биде прв и единствен случај во селото, додава Ужевски.

Ужевски е претседател на Здружението „Владимирски Илинденски средби“ и додава дека сите во организациониот одбор се во постојан контакт. По завршувањето на пандемијата, како што додава, здружението ќе се фокусира на што подостојна организација на настанот кој вообичаено се организира кон крајот на летото.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*