НВО „КХАМ“ ја одбележува Европската недела на имунизација

Денес 21 мај 2020 се одбележа Европската неделата на имунизација во општина Делчево и с.Црник – Пехчево, освен хигиенски пакети поделени беа и печатени материјали за значењето на имунизацијата на семејства кои живеат во социјален ризик, а кои изминатата година добиле новороденче.

Акцијата на кој годинава се дава посебен аспект на менталното здравје на децата е во организација на НВО КХАМ и Општина Делчево, а со поддршка на Здравствениот дом во Делчево и ОО на Црвен крст од Делчево.

По повод Европската неделата на имунизацијата, акцијата се спроведува 10 години,а целта е да се излезе на терен, да се проверат картоните за имунизација кај децата до 1 година, како и да се подигне свеста за важноста од редовната вакцинација.

Повеќе за овој настан од изјавите на учесниците во Европската недела на имунизација:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*