ООУ ,,Ванчо Прке” Делчево го слави патрониот празник

Делчевската деветолетка “Ванчо Прке” кое е најстарото училиште во градот денес го слави својот патрон празник. Поради вирусот Ковид-19 свеченостите по тој повод се одложени, но училиштето во чест на патронот организираше литературен и ликовен конкурс на тема поврзан со здравствената криза. По повод патронатот, директорот на училиштето Горан Велков во својата честитка до вработените и учениците направи краток осврт на животот и делото на националниот херој по кој училиштето го носи името, како и воспитно-образониот процес кој започнал во далечната 1973 година.

Во продолжение во целост интегрално ви го пренесуваме неговиот текст по повод патрониот празник на училиштето.

Најпрвин да им го честитам Патронот на сите вработени во нашето училиште, на нашите наставници и ученици, како и на родителите кои се со нас секогаш кога е потребно.

На овој ден му оддаваме почит на нашиот Патрон, Ванчо Прке – Сермен, национален херој и борец во македонската револуционерна борба со визија за слободна и рамноправна земја со сите демократски права за мир и благосостојба на Македонија, млад скоевец кој го положи животот во месноста Врши дол-виничко.

Денес прославуваме 47 години од 1973 –тата година кога по изградбата на училишштето во 1971год., наставниот процес започнал да се одвива од 1973-тата година па се до денес, како најстаро основно училиште во градот. Нашето училиште постојано чекори кон модернизацијата и напредокот на
образованието со голем акцент и на воспитанието, образува кадри, кои потоа се истакнати и успешни граѓани и дејци во разни сфери на живеењето.

Овој наш значаен ден денес го одбележуваме со активности како што се онлајн наставни содржини и презентации на разни теми поврзани со училишните активности, а секако како и секоја година тука не изостануваат и нашите литературни и ликовни конкурси, за кои денес беа објавени наградените ученици, чиј
интерес беше во голем број и дури имавме и творби од други училишта кои не се од нашиот регион, на кои искрено им се заблагодарувам на нивното учество. Тука не изостануваат секако и наградите за најдобрите.

Оваа учебна година ја започнавме со многу значајни активности, како во наставниот процес, така и во активности поврзани со значајни културни и спортски манифестации во соработка со општина Делчево, градската библиотека, домот на културата, полицијата и др. граѓански организации, со кои нашето училиште секогаш имало постојана и добра соработка.

Нашите првачиња кои оваа година ги имаше во голем број (55) беа пречекани и им беа подарени подароци од општината и аптеката Зегин. Иако најмали и тие учествуваа со свои настапи на значајните општински и традиционални манифестации, како што е Сливијадата, имаа средба и едукативно дружење со нашите полициски службеници за правилата во сообраќајот, испратија големи пораки на денот на лицата со посебни потреби со балони од хелиум, зашто тие од мали треба да станат совесни и да поседуваат почит и љубов кон сите деца, но и да имаат одговорност кон правилата на однесување како и развивање спортски дух кај првачињата, кои од оваа година имаа нови наставници по ФЗО со кои организираа и олимписки игри.

Овде секако би ги набројал и останатите значајни активности на сите наши ученици кои ги реализираа по одделни наставни предмети. На денот на Граѓанското образование беа одржани предавања, анкети, ликовна изложба и драмска претстава за врсничкото насилство и превенцијата за заштита од таа појава меѓу учениците, организирана заедно со нашиот училишен парламент, кои изготвија и кодекс на однесувањето на учениците
во училиштето.

Имавме и заедничко дружење со нашето партнер училиште Основното училиште „Живко Брајковски“, од Скопје, бевме нивни гости и овој проект за Меѓуетничка интеграција го продолжуваме и за наредната учебна година за која добивме согласност од МОН, со нашата апликација од проектот за Меѓуетничка интеграција, за развивање на другарството кое не познава никакви предрасуди.

Нашите ученици се големи хуманисти и организираа и хуманитарни акции за семејства на наши ученици со социјален ризик, преку новогодишните, училишни забави поттикнати од ученичкиот парламент. Тука се и спортските активности и турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка. Ќе напоменам дека во ваквите хуманитарни активности секогаш сме имале и материјален и финансиска подршка од нашиот Градоначалник и градската библиотека „Илинден“ со книги на наши ученици во подрачните училишта и во централно како поттик за развивање на љубов кон книгата.

Имавме и проектна активност насловена како „Интернет-супер херои“ од невладината организација, која на нашите ученици им одржа предавање затоа како да се заштитат и препознаат лажните вести, посетувајќи ја регионалната телевизиска куќа ТВ „Стар“, во Штип.

Имавме гости од Јужна Кореа каде се запознаа со мировните мисии и детските идеи за да имаат можност да го шират пријателството преку разни мировни активности.

На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик имавме културно–уметничка програма со рецитал и реферат за значењето на мајчиниот јазик каде имаше доделено и награди за љубителите на пишаниот збор. Имавме и награда од општина Делчево и Градоначалникот за нашата ученичка Џенифер Мемедова за нејзиниот одличен успех за која беше наградена со парична награда за Денот на ромите.

Сепак нашите училишни натпревари кои започнаа со општинските, па се одржаа неколку регионални натпревари по биологија, природни науки и географија и токму кога бевме пријатно изненадени од постигањата на нашите ученици на регионално ниво, посебно на натпреварот по географија, тука се стопираа останатите натпревари кои следеа во месец март по математика, македонски јазик, англиски јазик, ФЗО и по другите предмети.

Во поглед на уредувањето на ентериерот во нашето училиште оваа година имавме многу поправки и доопремување на училишните простории, посебно во ходниците. Се садеа дрвца, цвеќиња во нашата стаклена градина и се разубавија влезовите со доградба на дворна цветна градина до спортскиот полигон.

Онлајн наставата која започна од 11 март поради пандемијата со корона вирусот Covid-19, се реализира според планураниот распоред на часовите и наставниците и учениците. Имаат постојана комуникација со различна информатичка технологија, во зависност од можностите на самите ученици и нивната подршка од родителите, на кои им се заблагодарувам за нивната соработка со наставниците, која секојдневно ни ја даваат со заедничка заложба да се успее на подобар начин да се реализираат планираните наставни содржини според годишната програма по секој наставен предмет.

Овде морам да напоменам дека беа поделени и таблети за ученици на кои социјалниот статус не им овозможува да користат учење од далечина, и на некој начин се обидовме, а ќе се обидуваме и понатаму да ги помагаме сите заедно со општината и градоначалникот Горан Трајковски и да им овозможиме подобри услови за поквалитетно образование во следниот период.

Морам да напоменам дека оваа година поради добро познатите околности со пандемијата, на овогодишниот патрон празник нема да излезе третиот по ред број на нашиот училишен весник „Чекор пред сите“, кој учениците го изработуваа заедно со нивните наставници за содржини и активности кои сме ги реализирале во текот на годината. Ќе изостанат добро познатите средби со нашите пензионери како и активностите на училишниот хор, настапите на музичките и спортските секции.

Велков се осврна и на инфраструктурните зафати кои се во финална фаза во училиштето.

-Во ООУ „Ванчо Прке“, Делчево, се врши реконструкција на спортската сала, каде што се заменуваат салонитните азбесни ќерамиди со нов пластифициран антикондензирачки, ребраст лим. Исто така се изврши и замена на фасадната столарија каде што старите метални прозори се
заменија со термоизолирачки PVC прозори. Во спортската сала во тек е и замената на подот каде што дотраениот под се обложува со висококвалитетен, еластичен повеќеслоен, спортски PVC под. Се реконструираат и патеките кај влезовите на објектот и се постави рампа за инвалидизирани лица и на крајот ќе се асфалтира теренот за одбојка. Вкупната инвестиција на проектот е 2 500 000, 00 денари, без ддв. Изведувач на проектот е ДПТУ( Друштво за производство, трговија и услуги) Панел М, експорт- импорт, Мехаз ДООЕЛ, Тетово. Работните активности се започнати од 15.04.2020 година кои се во тек и овие планирани активности треба да завршат според предвидениот
рок од 60 дена, истакна Велков.

Уредување на пристапните патеки

Posted by ООУ „Ванчо Прке“-Делчево on Tuesday, 12 May 2020

На крајот тој на сите им посака добро здравје, со желба како што рече што поскоро да помине ова зло кое го снајде светот, а нашите ученици побрзо да се вратат во училишните клупи

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*