Верица Ѓеоргиева првенец на генерацијата во СОУ ,,М.М.Брицо”

Верица Ѓеоргиева е ученичката која се стекна со епитетот Првенец на генерацијата во делчевската гимназија, откако како што истакнаа од делчевската гимназија беше пример за ученичка која го покажа патот по кој треба да чекорат и останатите генерации, постави високи критериуми и заслужено е прогласена за Првенец на генерацијата.

Во честитките до најдобрите 10 ученици кои ќе добијат парична награда за постигнатиот успех, од делчевската гимназија порачаа дека иднината им припаѓа на оние кои веруваат во своите соништа и им порачаа на идните академски граѓани да продолжат да веруваат во себе и во нивните соништа.

-Успехот се остварува на патот кон врвот, а не на самиот врв. Успехот не доаѓа сам, туку мораме да одиме кон него. Ученичката која го покажа патот по кој треба да чекорат и останатите генерации, постави високи критериуми и затоа се закити со титулата ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА е Верица Ѓеоргиева. Честитки до 10 најдобри ученици, Верица Ѓеоргиева, Евгенија Пандова, Михаела Маневска, Ангела Ефтимовска, Даниела Таковска, Ангела Васева, Моника Јовевска, Мирче Ѓеорѓиевски, Анастасија Димитровска и Леонид Петровски. Честитки до целата генерација и не забораваjте, светот e ваш!

Верица Ѓеоргиева – Првенец на генерацијата

Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа која е одложена поради актуелната состојба, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево, ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти.

-Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски ја усвои Советот на Општина Делчево, со што согласно одлуката, десетте најдобри матуранти од СОУ „Методи Митевски – Брицо “ – Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари, соопштија од гимназијата.

Десетте најдобри матуранти

Од гимназијата им посакуваат уште многу големи и мали победи кои ќе им донесат безброј радости, насмевки и остварување на сите желби!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*