Продолжуваат градежните активности за решавање на долгогодишниот проблем со отпадните води во селото Стамер. Од Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница” информираа дека во моментот се работи на поврзување на дел од кракот на фекалната канализација.
-Станува збор за изградба на канализација во должина од 250 метри за изведување на отпадните води надвор од селото, од кои во моментот се работи еден дел од тој крак. Оваа интервенција е на барање на жителите од селото, кои поради недоизградена канализација во минатото, имаа сериозен проблем, со тоа што отпадните води им завршуваа пред куќите, односно се излеваа во селото, информираа од претпријатието.

Со доизградбата на овој крак, како што додаваат се превенира и опасноста од заразни болести.
-Покрај тоа се придонесува за почиста животна околина , но и се решаваат основните инфраструктурни проблеми во селото, додадоа од ЈКП ,,Брегалница”.
Увид во градежните работи изврши градоначалникот Горан Трајковски кој додаде дека комплетната доизградба на канализациската мрежа во селото, се очекува за наредниот период, а инвестицијата за реализација на градежните активности е на Општина Делчево.

Leave a Reply