Прва жртва од коронавирус во Малешевијата

Прва жртва на коронавирус во Малешевијата. Шеесет и девет годишен пациент од Берово почина, откако пред неколку дена бил хоспитализиран во Штипската клинична болница, а веста денес и официјално беше потврдена од Министерството за здравство.

Од општината упатија сочувство до семејството на пoчинатиот и воедно апелираа на почитување на мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.

-Како општина ќе продолжиме да спроведуваме повеќе мерки во интерес на заштитата на јавното здравје и сме во секојдневна координација со институциите, но од исклучителна важност е улогата на секој од нас. Од нас се бара, најсериозно да ги сфатиме и почитуваме мерките и препораките на Владата и Светската здравствена организација, истакнаа од општината.

Почитување на мерките, задолжително носење заштитна маска, и држење дистанца од 2 метри, додадоа исто така во својот апел до граѓаните.

Претходно во Берово беа регистрирани уште два пациенти од кои првиот позитивен случај е оздравен. Во моментот во Малешевијата активни случаи се уште има во Пехчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*